Фантастичен лоб на Митровиќ, го стаса легендарниот тренер на Вардар (Видео)

Александар Митровиќ беше режисерот на победата на Србија против Република Ирска од 3:2, со два постигнати голови, откако влезе како резерва на квалификацискиот меч за пат во Катар на Мундијалот идната година.

Популарниот „Митро-гол“ постигна и многу ефектен погодок, прв за него на мечот во 69. минута и втор за Србија. Погоди со прекрасен лоб, откако забележа дека голманот на Ирците Траверс  едалеку од гол-линијата.

https://twitter.com/Sachk0/status/1374833058642161665?s=20

Потоа повторно Митровиќ беше стрелец за 3:1 во 75. минута и со тој погодок стаса до врвот на вечната листа со најдбри стрелци за националната селекција. Со него со по 38 голови е и легендарниот Стјепан Бобек, кој порано беше тренер на Вардар во периодот од 1978 до 1981 година.

With 2 goals he scored tonight Aleksandar Mitrović equalled Stjepan Bobek’s record as top scorer for Serbian national team from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести