31.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Фантастичен тим се креира од играчите кои се слободни ова лето

Со завршување на сезоната, започнуваат шпекулациите околу евентуалните големи трансфери во летниот преоден рок. Ова лето може да има многу бомбастични смени на дресовите, ако се знае дека неколку големи ѕвезди стануваат слободни играчи.

Капитените на Барселона и Реал Мадрид, Лионел Меси и Серхио Рамос се предводници на идеалниот тим на фудбалери кои сега се без договор. Тука е и голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, кој многу веројатно дека ќе направи трансфер во Јувентус.

Според тоа кои играчи се слободни и може да одберат клуб, може да се направи фантастичен состав, кој би атакувал и на освојување на титули.

 

- Оглас -

Најнови вести