Мајами хит поведе со 1:0 во финалната плејоф-серија во Источната конференција во НБА, против Бостон селтикс, а за триумф од 118:107 им беше доволна само една перфектна четвртина и фантастичниот Џими Батлер.
Келтите како гости доминираа во првото полувреме, што го добија со 62:54, а имаа и највисока предност од 13 поени разлика, но се им се распадна во третиот период.
Хит предводени од Батлер и со помош на Адебајо, Хиро и останатите соиграчи направија серија од 22:2, одиграа феноменална одбрана и направија пресврт.
https://twitter.com/NBA/status/1526798385264590848?s=20&t=z-uSaMg1jpuqWSikxbmGdw
Третата четвртина од 12 минути Мајами ја доби со 39:14, сите останати ги загуби, но и блесокот во тој период беше доволен за стартна победа во финалето на Истокот.
Батлер постигна 41 поен, 29 од нив во второто полувреме, а имаше и 9 скока, 5 асистенции, 4 украдени топки и 3 блокади.
https://twitter.com/BleacherReport/status/1526764864345059328?s=20&t=z-uSaMg1jpuqWSikxbmGdw
Хиро, кој е прогласен за најдобриот шести играч во НБА, уфрли 18 поени со 8 скока, а одлично одигра и Винсент со 17 поени.
Гостите имаа и многу проблеми бидејќи непосредно пред првиот дуел еден од клучните кошаркари, Ал Хорфорд, отпадна од комбинација.
Сè уште не е потврдено од таборот на Бостон, но верoјатно е дека Хорфорд е позитивен на kовид-19.
Поради повреда не играше и најдобриот дефанзивец во НБА, Маркус Смарт.
Во текот на мечот се повреди и Роберт Вилијамс, што претставува голем хендикеп за Бостон.
Џејсон Тејтум, пак, им беше лидер со 29 поени, 8 скока и 6 асистенции, но имаше и 7 загубени топки.
Џејлен Браун даде 24 поени со 10 скока, Пејтон Причард уфрли 18 поени. Вториот меч во серијата до четири победи во максимум 7 меча ќе се игра повторно во Мајами за два дена.