
Македонија со три порази во три меча го завршува настапот на Европското првенство во Дебрецин, но тоа што ќе се памти е неверојатната атмосфера која ја направија нашите навивачи.
По завршување на дуелот со Данска, македонската фаланга остана да „грми“ во салата. Иако загубивме со 10 разлика од фаворитот, навивачите не застанаа да скандираат, дури и 10-тина минути по мечот.

