Фантазија – Урнат е рекордот во групата на Спорт Манија, Иван победи со 124 поени, а најзаслужен е тројниот капитен Халанд

Четвртото коло на многу популарната игра „Фантази“ во Премиер лигата со околу 10 милиони натпреварувачи од цел свет, беше исклучително добро и за сите учесници во нашата група, на Спорт Манија, а урнат е и рекорд со 124 поени.

Победник во оваа рунда е Иван Димитриевски, а најзаслужен е Ерлинг Халанд, кој постигна хет-трик против Кристал палас.

Иван го предвиде одличниот и ефикасен настап на Норвежанецот и одлучи да го одигра во тимот како троен капитен што му донесе дури 51 поен.

И остатакот од тимот му е совршено одбран за победа во третото коло во групата на Спорт Манија и подарок ваучер од 300 денари од Sport Life.

Димитар Трајков со 120 поени е втор, а и тој како Иван го има одиграно Халанд како троен капитен и си заслужи подарок од Sport Life во вид на ваучер од 200 денари.

Со 109 поени, трет во ова коло на глобално популарната игра е Драган Аслимовски и тој ќе добие ваучер од 100 денари.

Интересно е што тројцата добитници на награди во ова коло се и лидери во Генерален пласман во групата на Спорт Манија на „Фантази“ во Премиер лигата.

Следното коло се игра во вторник, среда и четврток, а и вие што не сте дел од групата на Спорт Манија можете без проблем да се приклучите веќе денеска со едноставно користење на кодот zc6qmk на овој ЛИНК.

 

- Оглас -

Најнови вести