Баер Леверкузен и Арсенал одиграа 1-1 во интересно осминафинале од Лигата на шампионите.
Лондонските Топчии беа перфектни во лигашката фаза кога не губеа во ниту еден момент, но сега во нокаут фазата се сопнаа во првиот меч на кој имаа негатива од 0-1. Од пораз се спасија во 90-та минута после еден спорен пенал.
Каи Хаверц имаше прво враќање на „Бај арената“ која ја напушти во 2020 година кога од Баер се пресели во Челзи, а сега е член на Арсенал и го реализираше пеналот. Не се радуваше, но дали имаше пенал, проценете сами откако ситуацијата ќе ја погледнете ТУКА.
Голот за водство на бундеслигашот беше дел на Андрих и тоа во стилот на Арсенал, со глава после изведен корнер. Германците се шегуваа пред мечот дека е забрането да се изведуваат корнери, но да немаше корнери, ни тие немаше да дадат гол.

