Најпознато име во селекцијата на Фарски Острови за македонската јавност е Јоан Симун Едмундсон, фудбалер кој во февруари годинава потпиша за Шкупи.
Едмундсон неколку месеци беше соиграч со Кристијан Трапановски, против кого ќе има дуел в сабота од 15 часот. Сезонава Едмундсон одигра два меча за Шкупи и постигна еден гол, оној против Воска во првото коло, но откако чаирчани добија нов тренер, тој е на клупата.
За селекцијата на Фарски Острови игра и братот на Јоан, тоа е Андријас Едмундсон, фудбалер на полскиот клуб Висла Плоцк.