Баер Леверкузен оствари убедлив триумф на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт славејќи со 1-4 во натпревар од 24. коло на Бундеслигата. Иако овој натпревар се сметаше за дерби меѓу второпласираниот и третопласираниот тим, разликата во квалитет беше јасна, а избраниците на Чаби Алонсо лесно ја потврдија својата доминација.
Натпреварот започна релативно мирно, но потоа гостите постигнаа три гола во само осум минути. Првиот погодок го постигна Натан Тела во 26-та минута, по асистенција од Џака (0-1). Три минути подоцна, Норди Мукиеле беше стрелец по одбиена топка, а Патрик Шик зголеми на 0-3 во 33-та минута.
Ајнтрахт не чекаше долго и набрзо намали на 1-3 преку Хуго Екитике.
Во вториот дел, по нешто повеќе од еден час игра, Алеиш Гарсија стави точка на победата на Баер Леверкузен со гол за 1-4.
Баер Леверкузен има 53 бода на второто место, осум помалку од Баерн Минхен, но девет повеќе од Ајнтрахт кој е третопласиран.