11.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Фармацевтите со автогол се спасуваа од пораз, Бриж го „растури“ Монако (Видео)

Вкупно девет гола беа постигнати на првите два меча од вечерната понуда во Лигата на шампионите, што е одлична најава за она што нѐ очекува од 21 часот.

Копенхаген двапати имаше водство против Баер Леверкузен, но Фармацевтите со автогол во 91-вата минута се спасија од пораз и на крајот ќе мора да бидат (пре)задоволни и со 2-2.

Ларсон во деветтата минута донесе водство за домашните, а Грималдо со прекрасен гол од слободен удар донесе израмнување во 82-рата минута. Сепак, само пет минути подоцна, Копенхаген повторно дојде во водство, овојпат преку Роберт. Конечните 2-2 ги постави Хаџидијакос со автогол во 91-вата минута откако го смени правецот на топката по ударот на Ечевери.

Бриж беше убедлив и со 4-1 славеше над Монако. Белгијците само за десеттина минути во првиот дел си ја обезбедија победата откако гостите промашија пенал во 10-тата минута.

Тресолди во 32-рата минута донесе водство за Бриж. На 2-0 зголеми Онједика во 39-тата минута, а само четири минути подоцна Ванакен зголеми на 3-0.

Дијакон во 75-тата минута погоди за убедливи 4-0, а почесниот погодок за Монако беше дело на Ансу Фати во 92-рата минута.

- Оглас -

Најнови вести