33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Фарски Острови го сменија селекторот пред гостувањето во Скопје

Фудбалската репрезентација на Фарски Острови, еден од нашите ривали во ноемврискиот циклус во Лигата на нациите, му даде отказ на селекторот Хакан Ериксон. Тој по четири години на клупата на оваа селекција заминува од кормилото поради лошите резултати во последниот период.

„Ние сме на дното на групата и досега не успеавме да дојдеме до победа дури и на домашните натпревари. Имаме силен тим, а резултатите не се задоволувачки. Затоа дојде до разделбата со Хакан Ериксон“, соопшти претседателот на Федерацијата, Кристијан Андреасон.

На натпреварот против Македонија во Скопје на 17 ноември, селекцијата на Фарски Острови ќе ја предводи тандемот од младата репрезентација на оваа земја, Ејдун Клакштеин и Атли Грегерсен.

- Оглас -

Најнови вести