Фатих Терим се огласи по скандалот со шамарите на синоќешниот меч (Видео)

Гостинската победа на Галатасарај од 2-0 на дуелот со Гиресунспор мина во сенка на скандалот кој го предизвика бразилскиот фудбалер Маркао. Тој истрча 30-тина метри за да дојде до соиграчот Керем Актуркоглу и во таа 63-та минута го удри најпрвин со глава, а потоа и со шлаканица. За непромислениот гест, Маркао доби црвен картон.

Тренерот Фатих Терим реши веднаш да го повлече од игра и шокираниот Керем. По мечот, Терим рече дека утрото е попаметно од ноќта и не сакаат да носат избрзани одлуки, па останува за денеска да се види каква санкција ќе добие Маркао, кој му се извинил на Керем и на неговото семејство и тимот.

https://www.youtube.com/watch?v=I0Omt5B4KXw

- Оглас -

Најнови вести