36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Дојде и за една минута успеа да слави во прекинатиот меч на Вимблдон (Видео)

Американскиот тенисер Бен Шелтон обезбеди пласман во третото коло на Вимблдон, откако го совлада Јапонецот Ринки Хиџиката со убедливи 3-0 во сетови (6-2, 7-5, 6-4).

Она што го направи овој меч особено интересен е фактот дека траеше два дена. Натпреварот беше прекинат поради смрачување, при што Шелтон имаше предност и се наоѓаше на чекор до победа. Денес, со првото појавување на теренот, му беше потребна само една минута и еден поен за да го запечати триумфот.

Овој епилог дополнително ја доведе во прашање вчерашната одлука на судиите да го прекинат мечот, што ретко кој сметаше дека било неопходно.

Во третото коло, Шелтон ќе се соочи со унгарскиот тенисер Мартон Фучович, кој по драматичен дуел во пет сета го елиминираше францускиот ветеран Гаел Монфис.

- Оглас -

Најнови вести