35.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Фаворитите без мака до победите, Чешка израмни негативен рекорд

Очекувани и убедливи победи на фаворитите и во вториот дел од денешната ракометна програма на Европското првенство во Германија.

Најубедливата победа ја забележаа ракометарите на Норвешка, кои со убедливи 32-21 ја совладаа Полска во Берлин. Полските ракометари одлично го отворија натпреварот, но по почетното водство од три разлика, во понатамошниот дел од мечот Норвежаните доминираа.

Негативен рекорд израмни репрезентацијата на Чешка, која беше поразена од Данска со 23-14. Чешките ракометари со ваквиот ефект се израмнија со Хрватска, која во 1998 година, но Швајцарија вчера, постигнаа само по 14 голови на целиот натпревар на едно Европско првенство.

Очекувано отворање на шампионатот имаа и ракометарите на Шведска, кои беа убедливи со 29-20 против Босна и Херцеговина, која немаше сили за изненадување против реномираниот противник.

- Оглас -

Најнови вести