Трите големи фаворити, Тотенхем, Атлетико Мадрид и Баерн Минхен забележаа гостински победи во домашните првенства, а рецептот е ист, доволни им беа по два гола за три бода.
Само Тотенхем прими гол на дуелот со Брајтон, но и тоа не им ја загрози победата. Кејн од пенал и Ламела погодија за сигурни 2:0, па голот на Нокарт во 93. минута не беше доволен за успех на Брајтон.
Баерн Минхен по сличен рецепт со по еден гол во двете полувремиња го победи Шалке 04 во германското дерби. Дилемите околу победникот ги разрешија Родригез и Левандовски со по еден гол.
Во градското дерби на Мадрид јунак на мечот и победата на Атлетико Мадрид беше Томас Лемар. Најпрво во 14. минута со прекрасен удар го принуди голманот Сорија да си постигне ефектен автогол, а потоа и сам ја затресе мрежата во 60. минута.