Фаворитите паѓаат како крушки: Јувентус загуби на гости кај Верона (Видео)

По киксовите на Манчестер сити и Ливерпул во англиската Премиер лига, сега и Јувентус непријатено ги изненади своите навивачи и загуби на гости кај Верона со 2:1. Џовани Симеоне е херојот на домаќините откако во првите 15 минути успеа да постигне два гола. Головите може да ги видите ТУКА и ТУКА.

Јувентус се обиде да се спаси од пораз и преку Мекени намали на 1:2 во 80 минута, но Старата дама не успеа да постигне втор погодок и загуби. Во последните три кола, Јувентус има два порази и едно реми, што значи дека од можните девет бода освои само еден.

- Оглас -

Најнови вести