Федерер по поразот од Циципас: Како да играв против себе

Федерер и Циципас го одиграа еден од највозбудливите мечеви на Отвореното првенство на Австралија, во кој од четири сета дури во три се играше до тајбрејк. Грчкиот тенисер на крај оствари сензационална победа од 3-1 во сетови (6-7, 7-6, 7-5, 7-6), а со неговите потези потсети на стилот на игра на Федерер.

„Претпоставувам дека ве потсети мојот стил на игра“, се обрати Федерер кон новинарите по мечот: „Бекхенд со една рака, долга коса како што имав и јас порано, малку потсетува на мене. Можеби затоа не можам да направам брејк кога играм против него. Не можев да му земам сервис ниту на Хопман купот, мојот ритерн не функционира како што јас сакам кога играм против Цисипас“, истакна Федерер, кој не успеа да реализира дури 12 брејк топки во денешниот пораз.

Откако го елиминираше бранителот на првиот овогодишен Гренд слем, Циципас во четвртфиналето ќе се соочи со Роберто Баутиста – Агут.

- Оглас -

Најнови вести