Федерер против Надал е првото полуфинале на Ролан Гарос

Рафаел Надал е првиот полуфиналист на Ролан Гарос, откако во пресметката против Кеј Нишикори славеше со 3-0 во сетови (6-1, 6-1, 6-3). Бранителот на титулата на Отвореното првенство во Франција беше неприкосновен против Јапонецот, па му одржа час по тенис за помалку од два часа, иако мечот беше прекинат поради невреме.

На вториот светски рекет како да му се брзаше, па поведе со 1-0 во сетови по половина час игра, а потоа со четири брејка го освои и вториот сет со идентични 6-1. Јапонецот пружи повеќе отпор во продолжението, но по 4-1 во гемови во корист на Надал, јасно беше дека авантурата на Ролан Гарос за Нишикори ќе заврши во четвртфиналето.

Неколку минути подоцна, и Роџер Федерер си резервираше место меѓу полуфиналистите, откако во швајцарскиот дуел против Стен Вавринска победи со 3-1 во сетови (7-6, 4-6, 7-6, 6-4). И овој меч беше прекинат поради врнежи, но се продолжи по паузата во моменти кога Федерер беше многу поблиску до победата.

Најдобриот трет тенисер на светот доста се намачи за да продолжи со својот настап на Ролан Гарос. Федерер поведе со 1-0 откако првиот сет се одлучуваше во тајбрејк, а го доби со 7-4. Варвинка брзо израмни, но и третиот сет припадна на Роџер исто така по тајбрејк со 7-5. Се играше гем за гем, а Вавринка потклекна пред својот сонародник откако го загуби вториот сервис во текот на целиот меч, што му озвозможи на Федерер да сервира за победа.

 

- Оглас -

Најнови вести