Федерер се надева дека ќе може во живо да ги гледа Надал и Ѓоковиќ на Ролан Гарос

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер, кој сега ужива во пензионерски денови, се надева дека неговите големи и поранешни ривали, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, ќе настапат на следниот гренслем-турнир, Ролан Гарос.

Настапот на Ѓоковиќ не е доведен во прашање, освен доколку не се повреди. Но, постои загриженост околу можниот настап на Надал на неговиот омилен гренслем-турнир.

„Доколку Надал не игра на Ролан Гарос, тоа ќе претставува голем удар за тенисот. Ситуацијата е многу тешка, но се надевам дека ќе се појави во Париз. Видов дека се повлече од Мастерсот во Рим, му посакувам сè најдобро“, изјави Федерер.

Надал нема настап на тениски турнир уште од јануари годинава, кога загуби во второто коло на првиот годинешен гренслем-турнир. Швајцарецот смета дека ниту Ѓоковиќ не играше многу по освојувањето на титулата во Мелбурн.

„Ниту Ѓоковиќ не играше многу, но се надевам дека ќе биде силен и подготвен“, вели Федерер.

Гренслем-турнирот во Париз ќе се одржи од 22 мај до 11 јуни.

- Оглас -

Најнови вести