Феенорд го елиминира Милан, после големата глупост на Тео Ернандес (Видео)

Холандскиот Феенорд е првиот тим кој успеа да го мине плејофот и се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите откако го елиминира Милан. Феенорд одигра 1-1 против Росонерите на „Сан Сиро“ и ја сочува предноста од еден гол што ја имаше по првиот меч во Ротердам.

Сантијаго Хименес во првата минута само по четириесетина секунди од стартот на мечот ја погоди мрежата на својот поранешен тим. Милан имаше доминација, но не успеа да постигне втор погодок, а потоа Тео Ернандес направи глупост.

Шпанецот во 51-вата минута во обид да одглуми пенал, доби втор жолт картон и беше исклучен.

По ова, Феенорд успеа да ја искористи предноста од фудбалер повеќе во поле и израмни со голот на Хулијан Каранца во 73-тата минута. Тој со удар со глава ја закова топката зад грбот на Мајк Мењан.

 

- Оглас -

Најнови вести