6023 Галатасарај – Спарта Прага (18.45)
Турскиот тим како третопласиран во групната фаза во Лигата на шампионите ги продолжува настапите во нокаут-фазата во Лигата на Европа, додека Спарта Прага го освои второто место во групите во ЛЕ. Галатасарај игра во одлична форма во 2024 година, одигра десет меча и победи на девет, а на еден одигра нерешено. Во чешкиот шампионат минатиот викенд заврши паузата и Спарта славеше со 3:0 на гости кај Карвина. Галатасарај и Спарта досега одиграле само еден меч во Истанбул и славел турскиот тим со 2:0, а одличната форма во која се наоѓа би требало да му донесе нов триумф.
Предлог тип: 1 & 1+ второ (1.96)
6831 Бетис – Динамо Загреб (21.00)
Ова е дуел од нокаут-фазата во Лигата на конференции во кој Бетис е голем фаворит да слави на првиот натпревар. Бетис игра одлично во Ла Лига, се наоѓа на шестото место на табелата и победи на два од последните три меча. Динамо Загреб сезонава игра под очекувањата на навивачите и има шест бода помалку од лидерот Риека, а во последниот меч одигра 2:2 против Локомотива Загреб. Подобрата форма треба да биде доволна за Бетис да слави на првиот меч против Динамо, за кого се очекува да настапи поранешниот капитен на македонската репрезентација Стефан Ристовски, додека не е пријатен за настап Аријан Адеми.
Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (2.60)
6026 Бенфика – Тулуз (21.00)
Бенфика не ја започна сезоната според очекувањата и во конкуренција со Интер, Реал Сосиедад и Салцбург во ЛШ го освои третото место и ја има фаворитската улога во двомечот против Тулуз во Лигата на Европа. Бенфика се наоѓа во одлична форма во 2024 година, одигра девет меча и оствари седум победи и по еден пораз и реми, додека Тулуз загуби на два од последните три меча. Бенфика на последните четири меча даде 11 гола, додека Тулуз прими шест гола на последните три дуела во Лига 1.
Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.18)
6021 Феенорд – Рома (18.45)
Феенорд и Рома минатата година играа во четвртфиналето во Лигата на Европа и римската волчица се пласира во полуфиналето откако во продолженијата од двапати по 15 минути даде два гола и славеше со 4:1. Претходно, овие два тима во 2022 година играа во првото финале во Лигата на конференции и како победник излезе Рома.
Лани Феенорд победи со 2:1 пред своите гледачи, а и сезонава во групната фаза во Лигата на шампионите играше добро на својот „Де Кајп“ славејќи против Селтик и Лацио, а загуби само од Атлетико Мадрид.
Со доаѓањето на Даниеле де Роси на клупата, наместо Жозе Мурињо, Рома игра многу подобро, но за очекување е и токму на „Олимпико“ да се решава патникот во следната рунда. Вечерва фаворитската улога ќе ја има Феенорд, кој сезонава на „Де Кајп“ загуби само од Атлетико во ЛШ и од ПСВ во домашниот шампионат.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.08)
6833 Унион Сен Жил – Ајнтрахт (18.45)
Белгискиот тим како третопласиран во групната фаза во Лигата на Европа ќе игра во нокаут-фазата во Лигата на конференции, и тоа против Ајнтрахт. Унион Сен Жил на трите меча пред своите гледачи во ЛЕ одигра ГГ, со 2:1 ги совлада Ливерпул и Ласк, а ремизира против Тулуз (1:1). Ајнтрахт на шест од последните седум натпревари постигнуваше гол, додека Унион Сен Жил на шест од последните седум дуели одигра ГГ 3+.
Предлог тип: ГГ прво/второ (2.30)