Бразилскиот фудбалер Хуен Фелипе и официјално од Вардар се пресели во лутиот ривал Шкендија со која потпиша едогодишен договор со можност за продолжување на уште една година. Тој кажа дека е среќен што станал член на најдобриот клуб во Македонија, изјава која сигурно нема да им се допадне на фановите на скопските „црвено-црни“, на кои до пред извесно време им беше омилен странски играч.
Фелипе не е пријавен за натпреварите од квалификациите за Лигата на шампионите против естонскиот првак Номе Калју, но ако Шкендија помине, ќе биде регистриран за двомечот со Селтик или Сараево.
„Шкендија е одличен тим, со одлична публика која дава огромна поддршка, и ќе се трудам да ги исполнам очекувањата. Горд сум што ќе играм за најдобриот клуб во земјата. Се надевам дека ќе влеземе во групната фаза од Лига Европа“, изјави 31-годишниот Фелипе кој во 2015 година првпат дојде во Вардар, а по краткиот престој во Казахстан, се врати во најтрофејниот македонски клуб.
И во Шкендија, Фелипе ќе носи дрес со бројот 70.