Французинот Леон Маршан е новиот Мајкл Фелпс во пливањето, тој е херој на Олимписките игри во Париз 2024 со три златни медали досега.
Американецот кој се пензионираше со 28 олимписки медали, од кои 23 златни, навива за Маршан, и ужива во пливањето на Франуцузинот од позицијата телевизиски коментатор.
Фелпс беше воодушевен од победата на Маршан во финалето на 200 метри пеперутка, Французинот до победата дојде со одличен финиш откако имаше сериозно заостанување на 50 метри до крајот.
Маршанд кој има 22 години, синоќа направи нешто што никој досега не го направил: во разлика од само два часа го освои златото на 200 пеперутка и 200 метри градно.
https://twitter.com/i/status/1818868811962999220