Панатинаикос му го нанесе деветтиот пораз на Фенербахче во Евролигата со конечните 81:78 во мечот од 14-тото коло. Зелените до полувремето се мачеа против екипата која ја води нивниот поранешен тренер Жељко Обрадовиќ, но клучната трета четвртина која домаќините ја добија со 23-11 беше доволна да се дојде до нов позитивен резултат.
Фредет со 22 и Калатес со 15 поени го предводеа ПАО за деветтиот триумф во Евролигата. На другата страна разиграни беа Слукас со 13 поени и Де Коло со 13 поени.
Една добра четвртина беше доволна за Реал Мадрид да го совлада Армани Милано. Кралевите славеа со 76:67 за 11-ти триумф, односно деветта победа во низа. Манекените го отворија второто полувреме со предност од 11 поени, но делницата ја загубија со 24-13, по што Реал лесно ја презеде контролата на мечот и сигурно славеше.
Рендолф беше најрасположен играч од редовите на Реал со 16 поени, додека Мицов реализира 22 поени за Милано, но не беа доволни да се приреди изненадување во Мадрид.
Останати резултати од 14-тото коло во Евролигата:
Зенит Санкт Петербург – Макаби Тел Авив 71:82, Жалгирис Каунас – Анадолу Ефес 68:74.