Сапуницата околу тоа каде Душан Тадиќ ќе ја продолжи кариерата, најверојатно доби епилог. Според информациите од Турција, фудбалерот на Фенербахче и поранешен капитен на репрезентацијата на Србија, решил да се врати во тимот на Ајакс, каде што играше пред да потпише за турскиот гигант.
Актуелниот договор на Тадиќ со Фенербахче истекува на крајот од сезонава, а според информациите на новинарот Бариш Јурдусевен, обелодени дека Србинот потпишал за Ајакс и летоска ќе се врти во тимот од Амстердам.
Тадиќ беше еден од трагичарите во елиминацијата на Фенербахче од Лигата на Европа од Глазгов Ренџерс. По двата меча, вкупниот резултат беше 3:3, а по изведување на пенали, се радуваше шкотскиот тим. Тадиќ беше првиот изведувач во пенал-рулетот и промаши.
💥💥 FLAŞ!
🗣 Barış Yurduseven: Dusan Tadic önümüzdeki sezon için Ajax ile anlaştı.
(🔗TRT Spor) pic.twitter.com/b3bhAzNXrB
— Fener Shadow (@fbshdow) March 14, 2025