Барселона лесно го декласира Фенербахче во меч што требаше да биде дерби на деветтото коло во Евролигата, а заврши со победа на Каталонците од 89:63.
Уште на почетокот домаќините најавија дека ќе ги освојат бодовите, а Фенербахче неочекувано лесно се предаде. По првиот дел беше 25:15 за Барса и предноста на полувремето порасна на 14 разлика, 44:30.
.@foe23 spots his man coming in as @KingKK_14 rises HIGH to finish the Alley-Oop! #7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/kgq3RbNC3t
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) November 20, 2019
Со фуриозна игра, Кори Хигинс и соиграчите го декласираа гостинот од Истанбул, а Фенербахче воопшто не личеше на екипата што играше на три од последните четири финалиња во Евролигата.
Барселона влезе во последниот период со огромна предност од 67:40, а ја загуби само последната четвртина со 22:23, за убедлив триумф и седма победа во девет меча во Евролигата.
Хигинс беше најефикасен со 22 поени кај Барселона, а Лаверњ беше единствен со двоцифрен број поени, 12, кај Фенербахче.
Во вториот меч вечерва, Басконија ја победи ЦСКА Москва со 80:70. Шенгелија беше прв стрелец кај домаќините и на мечот со 22 поени, а Џејмс и Стрелниекс постигнаа по 17 за рускиот тим.