Фенербахче и Париз го одиграа најлудиот меч сезонава во Евролигата (Видео)

Вечерва во Истанбул се одигра драматичен натпревар во Евролигата помеѓу Фенербахче и Париз баскет, меч кој им припадна на домашните со 101-100 и ги покажа сите убавини кои ги носи кошарката.

Гостите од Париз водеа со 13 поени разлика на крајот на третата четвртина, а Фенер дојде до израмнување во финишот. Следуваше лудиот расплет. Најпрвин македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс (постигна 19 поени, а имаше и 10 асистенции) даде кош за 100-98 за Париз на 2,5 секунди до крајот, но се покажа дека тоа не е доволно за победа. Најџел Хејс-Дејвис беше јунакот на Фенер со погодена тројка во последната секунда, шокирајќи ги гостите на кои победата им требаше за битката за места во плејофот.

Погледнете ја тројката на Хејс-Дејвис која го однесе Фенербахче во плејофот:

- Оглас -

Најнови вести