15.8 C
Skopje
четврток, 16 октомври 2025

Фенербахче подготвува понуда што не се одбива за Роберт Левандовски

Полскиот ветеран Роберт Левандовски најверојатно ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната, откако каталонскиот клуб нема да му понуди нов договор. Сепак, тоа не значи дека фудбалерот ќе остане без понуди, напротив, интересот за него е голем.

Левандовски веќе има понуда од Саудиска Арабија вредна 100 милиони евра за следните две сезони, а турските медиуми пренесуваат дека и Фенербахче е подготвен да вложи значителни средства за да го донесе голгетерот во Истанбул. Според турските извори, клубот ќе му понуди договор што ќе биде тешко да се одбие.

Дополнително, за Левандовски е заинтересиран и италијанскиот гигант Милан, па останува да се види каква ќе биде неговата одлука за следната фаза од кариерата.

- Оглас -

Најнови вести