Фенербахче се вклучи во трката по потписот на Џејдон Санчо

Џејдон Санчо има уште една година од договорот со Манчестер јунајтед, но тој воопшто не е во плановите на Рубен Аморим и може да си замине доколку пронајде клуб. Како најсериозна опција се споменуваше Наполи, но новиот шампион на Италија не е подготвен да плати високо обесштетување за него, па сега во трката по потписот на левото крило се вклучи Фенербахче.

Екипата предводена од Жозе Мурињо е подготвена да плати околу 30 милиони евра, колку што е моменталната вредност на фудбалерот, а Специјалниот би добил одлично засилување за следната сезона.

Санчо минатата сезона ја мина како позајмен во Челзи, а претходно беше позајмуван и во Борусија Дортмунд, екипа од која и го купи Манчестер јунајтед во 2021 година за сума од 100 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести