Кошаркарите на Фенербахче во неверојатно возбудлив дуел успеаја да стигнат до деветтата победа во Евролигата, совладувајќи го на гости тимот на Виртус Болоња со 82-86. Турскиот тим беше поснаодлив во завршницата, а клучни беа тројките на Марко Гудуриќ и на Најџел Хејес-Дејвис.
Ако се знае дека Виртус Болоња имаше предност и од десет поени во последната четвртина, а во завршницата влезе со водство од 80-77, јасно е дека домаќинот може да жали што испушти голема шанса за победа над лидерот во Евролига.
Гудуриќ со 21 поен беше најдобар поентер кај Фенербахче, додека Шенгелија беше најефикасен на мечот со 23 постигнати кошеви.
По овој триумф, Фенербахче е на првата позиција на табелата со девет победи и два порази, а Виртус Болоња има само две победи и девет порази во досегашните 11 кола.