Феникс даде 50 поени во една четвртина и си закажа битки со тимот на разиграниот Јокиќ (Видео)

Феникс санс и Денвер нагетс ќе играат меѓу себе во едното полуфинале во Западната конференција на НБА-лигата откако рано утрово двата тима со по 4-1 ги елиминираа своите први ривали во плејофот.

Сонцата предводени од Девин Букер, кој даде 47 поени, и Кевин Дурант, кој уфрли 31, го победија Лос Анџелес клиперс со 136-130. Клучна беше третата четвртина која Феникс ја доби со 50-24.

Во Денвер, Нагетс славеше со 112-109 за триумф од 4-1 во победи против Минесота. Никола Јокиќ имаше трипл-дабл од 28 поени, 17 скока и 12 асистенции, а најефикасен беше Џамал Мареј со 35 поени.

Шанса да се пласира во следната фаза имаше и Бостон, но загуби дома од Атланта со 117-119, па сега резултатот во серијата е 3-2 за Селтикс. Домашните имаа 10 поени предност по три четвртини, но последниот период им припадна на Јастребите, кои се спасија од елиминација и добија шанса на свој терен да пробаат да се изборат за мајсторка.

Тре Јанг беше јунак на Хокс бидејќи ги даде последните 14 поени за гостите и тројката за победа на 1,8 секунди до крајот.

Ова е тројката на Јанг, кој ја шокира публиката во Бостон:

- Оглас -

Најнови вести