Феноменален Милосављев и чиста десетка на Фуксе Берлин за прво финале во ЛШ

Новиот германски првак Фуксе Берлин, е прв финалист во ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција. Берлинскиот тим беше убедлив против Нант во полуфиналето во Келн пред 20.074 гледачи што е рекорд на „Ланксес арената“, со резултат 34-24.

За тимот од Берлин ова е прво финале и ќе имаат обид за прва европска титула, со која би потврдиле дека ја имаат најуспешната сезона во својата историја, откако пред пет дена ја прославија шампионската титула во Бундеслигата.

За Фуксе играат двајца поранешни членови на Вардар, тоа се Србите Дејан Милосављев кој денеска беше одличен на голот со 15 одбрани, и бекот Мијајло Марсениќ (даде еден гол). Во составот е и Данецот Матијас Гидсел кој е втор стрелец во ЛШ сезонава. Тој денеска даде само два гола, но беше исклучен после само 9 минути игра, а за среќа го имаа расположениот Тим Фрајхефер со 10 погодоци.

Во второто полуфинале кое се игра од 18 часот, се среќаваат последните два освојувачи на европската титула, Барса и Магдебург.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести