Феноменална вечер во Евролигата – Се играа продолженија на два од пет меча, ама глупоста на Харпер ги засени сите драми (Видео)

Невидено луда вечер имаше во кошаркарската Евролига со драматични мечеви и два од вкупно пет имаа и продолженија, но сите ги засени глупоста што ја направи Џеред Харпер на мечот меѓу Валенсија и Лион Вилербан.

Американецот имаше последен напад за победа, но на нешто повеќе од една две секунди до крајот направи фаул во напад при резултат 76:76 и гостите од Франција со едно погодено слободно фрлање ја завршија драмата победнички

Еднакво драматично, дури и подобро беше на уште еден меч во Шпанија, меѓу Басконија и Партизан, а домаќините се спасија од пораз во регуларниот дел со тројка во последната секунда.

Маркус Хауард погоди три поени при резултат 86:89 и Басконија израмни на 89:89 против „црно-белите“ кои се махери токму за вакви ситуации, но сега загубија со свое оружје.

Потоа се играа продолженија, а Басконија славеше со 103:96.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1581023202502909953?s=20&t=COU44znTGzenNjptayvt1g

Дополнително време од пет минути се играше и на дуелот меѓу Милано и Алба, а Германците славеа со 80:74 како гости.

Во регуларниот дел беше 70:70. Победи забележаа и Фенербахче со 86:71 против Макаби Тел Авив и Олимпијакос против Жалгирис со 90:80.

- Оглас -

Најнови вести