Фер-плеј на дело – Фрајбург нема да се жали што Баерн играше со 12 на терен

Раководството на Фрајбург веројатно нема да поднесе жалба за чудната ситуација што денеска се случи на дуелот со Баерн, кога гостите кусо имаа 12 играчи на терен, односно 11 фудбалери и голман.

Тренерот на Фрајбург, Кристијан Страјх изјави по мечот дека очекува раководството на клубот да не се жали на ситуацијата што е против фудбалските правила.

Во 85. минута Марсел Сабицер влезе во игра, а не излезе Кингсли Коман, па гостите имаа играч повеќе на терен и така се играше до 87. минута, кога дојде сугестија од ВАР собата до главниот судија.

Баерн победи со 4:1, а во тие моменти беше 3:1 за нив и Страјх смета дека ништо немало да се смени.

„Речиси сум сигурен дека нема да поднесеме жалба. Правилата се јасни, но мечот реално веќе беше решен, а и многу кус период Баерн играше со 12-мина н терен. Верувам дека исто како мене размислуваат сите во клубот“, истакна Страјх.

Баерн се вадеше на грешка на четвртиот судија, кој според нив покажал погрешна бројка на таблата за замени и тоа 29-та која ја нема ниту еден нивни играч на дресот.

Според објаснувањата на Баварците, Кингсли Коман, кој го носи дресот со број 11 воопшто и не знаел дека теба да излезе од игра, поради погрешната информација од четвртиот судија.

Дури и ако Фрајбург не зе жали конечната одлука ќе ја донесе германската фудбалска федерација, за случајот што е раритет во светот на фудбалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести