Баерн може скапо да ја плати аматерската грешка, играа неколку минути со 12 играчи на терен (Фото)

Баерн го победи Фрајбург со 4:1 во едно од двете дербија во 28. коло во Бундеслигата, но на најтрофејниот германски клуб му се заканува да го загуби мечот со службен резултат.

До забуна дојде во финишот на мечот, односно во 85. минута, кога Кингсли Коман не излеза, а во игра влезе Марсел Сабицер, па Баерн имаше 11 играчи на терен плус голманот Мануел Нојер, што значи дека играше со фудбалер повеќе од Фрајбург.

https://twitter.com/IntChampionsCup/status/1510290011026993153?s=20&t=3bYqImV_e-eVaMMDgYvJcQ

Гостите се обидоа да се извадат, а грешката ја најдоа кај четвртиот судија, кој наместо бројот 11 со кој Коман настапува за Баерн, на таблата за замени го покажал бројот 29, а таков не постои кај Баварците.

Коман не знаел дека треба да излезе, па Баерн неколку минути играше со 12 на терен.

Од ВАР собата во 87. минута стаса сигнализација за чудната ситуација на теренот, па Коман го напушти теренот, но очигледно е дека Баерн играше две минути со 12 играчи на терен.

 

Сега Баерн стравува дека може да ги загуби бодовите и Фрајбург да го добие мечот со службен резултат, иако на терен беше поразен убедливо со 1:4.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести