Новак Ѓоковиќ веќе е во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија откако Лоренцо Музети го предаде мечот поради повреда при водство од 2-0.
Сепак, потегот на Србинот во вториот сет е за ферплеј награда. Во моментите кога се одлучуваше сетот, судиите му доделија поен на Новак Ѓоковиќ, а тој сугерираше дека тоа е погрешно и дека го допрел топчето со рекетот пред да излезе во аут.
Поенот му беше доделен на Музети, кој потоа дојде и до 2-0 во сетови. Целиот стадион најпрво занеме по она што го кажа Србинот, а потоа го награди со аплауз. Дури и судијата, но и самиот Музети не можеа да поверуваат во она што го направи Ѓоковиќ и зачудено го гледаа.
Novak Djokovic conceding a crucial point pic.twitter.com/FhCDeURWZJ
— asud (@asud683385) January 28, 2026

