Новак Ѓоковиќ со пласманот во полуфиналето на ОП на Австралија сруши уште еден рекорд на Федерер

Новак Ѓоковиќ со многу среќа успеа да дојде до полуфинале на Отвореното првенство на Австралија откако имаше негатива од 2-0 во сетови, но Лоренцо Мусети го предаде мечот поради повреда на бутниот мускул.

За Србинот ова беше 103-та победа во Мелбурн, со што сега е осамен на врвот по бројот на победи на Отвореното првенство на Австралија, оставајќи го зад себе Роџер Федерер со 102.

Ѓоковиќ сега ја брка 25-тата гранслем-титула, а за такво нешто ќе му биде потребно најпрво победа во полуфиналето над подобриот од мечот на Синер и Шелтон, а потоа и триумф во големото финале.

- Оглас -

Најнови вести