Ферари доминантен во квалификациите на Спа

Шарлс Леклер ќе стартува од пол позицијата за ГН на Белгија, а веднаш до него ќе биде тимскиот колега Себастијан Фетел. Леклер беше најбрз на денешните квалификации на патеката за големата награда на Белгија. За прв пат сезонава, Ферари има еден-два на стартот на една трка.

Третото место во квалификациите го освои актуелниот првак Луис Хамилтон. Британецот утрово имаше еден инцидент кога го уништи болидот, но сепак се најде во квалификациите и на крајот стигна до третото место во квалификациите.

- Оглас -

Најнови вести