17.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Фергусон изненади со изборот на играчот кој би го сакал во секоја постава на Манчестер јунајтед

Легендарниот Сер Алекс Фергусон повќе од 25 години беше на чело на Манчестер јунајтед, период во кој го направи клубот да биде најтрофеен во Англија. Под водство на Фергусон играа ѕвезди од типот на Ерик Кантона, Кристијано Роналдо, Вејн Руни, Дејвид Бекам, Рајан Гигс, Пол Сколс, Рио Фердинанд…, но ниту еден од овие не е број 1 на листата на популарниот Ферги, кога се работи за фудбалерот што Шкотот би го одбрал за број 1. Сер Алекс го одбра дефанзивецот Денис Ирвин.

„Искрено би рекол дека само Денис Ирвин би имал загарантирано место во секоја од моите екипи кои сум ги водел. На еден меч против Арсенал на Хајбери одигра лошо додавање, а Беркамп ја освои топката и даде гол. По мечот, медиумите ми рекоа дека сигурно сум бил разочаран од тој потег на Денис, а јас им одговорив „Една грешка во 10 години, не е лошо“. Тој беше неверојатен играч“, вели Фергусон.

Од 1986 до 2012 година, Фергусон беше на клупата на Манчестер на точно 1.500 мечеви во кои се радуваше на 895 победи, но што е уште поважно, на „Олд Трафорд“ донесе дури 38 трофеи.

- Оглас -

Најнови вести