Ферплеј на дело: Муслера со феноменален потег спречи повреда на играч на Бешикташ (Видео)

Голманот и капитен на Галатасарај, Фернандо Муслера, на дербито против Бешикташ покажа што значи спортски однос и ферплеј.

Во една ситуација пред голот на Муслера, Валентан Розие од Бешикташ се лизгаше по тревата и одеше директно кон стативата. Муслера го забележа тоа и го оттурна Французинот, со што му помогна да не се удри од стативата и да избегне повреда.

Погледнете го преубавиот потег на Муслера за кој треба да му се честита:

- Оглас -

Најнови вести