Ферстапен апсолутен фаворит по 11-ти пат сезонава да ја освои пол-позицијата (Фото)

Старо-новиот Формула 1 шампион, Макс Ферстапен е апсолутен фаворит да ја освои пол-позицијата во квалификациите за трката за Големата награда на Мексико кои ќе се одржат вечерва од 22.55 часот.

Ферстапен веќе го крена шампионскиот пехар сезонава, но и покрај тоа доминира на Формула 1 патеките. Тој беше најбрз на првите два тренинзи и квотите го фаворизираат токму него дека ќе биде најбрз и во квалификациите и по 11-ти пат сезонава ќе ја освои пол-позицијата.

Квотата дека Холанѓанецот ќе биде најбрз на вечерашните квалификации изнесува 1.50, а потоа следат Шарл Леклер од Ферари и возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон со квота од 11.00.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести