Ферстапен ја загуби битката со Мекларен, утре ќе стартува дури од трета позиција

Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Унгарија, а од првиот ред ќе тргне и неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастри.

За Британецот Норис ова е трета пол-позиција во кариерата.

Иако имаше минимално заостанување од само 46 илјадитинки, шампионот Макс Ферстапен ќе стартува дури од трето место, што не е пријатно за патека на која нема многу места за претекнување и ќе му треба добар старт ако сака победа.

Квалификациите на Хунгароринг ги одбележаа и ситниот дожд и инцидентите на Серхот Перез и Јуки Цунода, за среќа без последици за пилотите.

- Оглас -

Најнови вести