Макс Ферстапен не дозволува некој друг пилот да тргне од пол-позиција, и на седмите квалификации сезонава тој имаше најдобро време.
Денеска на Имола, Ферстапен беше за малку побрз од Оскар Пјастри и Ландо Норис, двајцата возачи на Мекларен ќе тргнат од второ односно трето место, а зад нив се двете Ферарија со Шарл Леклер и Карлос Саинс.
Тотално потфрли Серхио Перес од Ред Бул, тимскиот колега на Ферстапен беше дури 11-ти.