Ферстапен не им даде шанса на конкурентите, но Мекларен приреди сензација

Шампионот Макс Ферстапен од Ред Бул ќе тргне од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Велика Британија во Формула 1.

Ферстапен доминираше на патеката Силверстоун, а најинтересна беше првата сесија од квалификациите, кога патеката беше влажна. Една од „жртвите“ на хаосот беше Серхио Перез кој ќе тргне од дури 16-тата позиција.

Изненадија пилотите на Мекларен, Ландо Норис ќе тргне втор, а Оскар Пјастри трети. Зад нив се двајцата пилоти на Ферари, Шарл Леклер односно Карлос Саинс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести