Макс Ферстапен од Ред Бул ја забележа и седмата победа во деветтата тркаа ова сезона во Формула 1, откако беше најбрз и на трката во Австрија.
Холанѓанецот без поголеми проблеми ја одржуваше предноста, откако тргна од пол-позицијата, а не беше во водство само кога беше во боксот.
https://twitter.com/F1/status/1675512381256892417?s=20
Чарлс Леклер од Ферари го освои второто место, додека подиумот го комплетира клупскиот колега на Ферстапен од Ред Бул, Серхио Перес, кој тргна од 15-тата стартна позиција.
Во бодови завршија и Саинц, Норис, Алонсо, Хамилтон, Расел, Гисли и Строл.