Ферстапен после две трки се врати на пол-позицијата за трката во Јапонија

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ќе тргне од пол-позицијата на трката за ГН на Јапонија, откако денес на убедлив начин победи во квалификациите. Тоа значи дека после пауза од две трки, оние во Италија и Сингапур, на кои пол-позицијата ја освојуваше Карлос Сајнц, Ферстапен се враќа на чело на колоната која ќе тргне на трката во недела.

До него од првиот ред ќе стартува возачот на Мекларен, Оскар Пиастри, додека втората линија ја сочинуваат Ландо Норис на третата и Чарлс Леклер на четвртата позиција.

Првата десетка ја комплетираат Перес, Сајнц, Хамилтон, Расел, Цунода и Алонсо.

https://twitter.com/F1/status/1705481010673074451

- Оглас -

Најнови вести