16.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Ферстапен: „Пред два месеца да ми кажеше некој дека имам шанси, ќе мислев дека е идиот“

Макс Ферстапен ја победуваше конкуренцијата на три од последните четири трки и на голема врата се врати во борбата за шампионската титула. Разликата помеѓу него и возачите на Мекларен веќе не изгледа недостижна, па на петте последни трки ќе има големи возбдувања.

„Шансата е тука. Некој да ми речеше пред два месеца дека имам шанса за титулата, ќе мислев дека е идиот. Но, го унапредивме болидот, подобро разбираме како функционираат работите и тука е главната разлика“, вели Ферстапен.

На пет трки до крајот на Формула 1 сезоната, во водство е Оскар Пјастри со 346 бода, пред неговиот клупски колега Ландо Норис, кој има 332 поени и Макс Ферстапен со 306 поени.

За разлика од возачите, битката за титулата кај конструкторите е решена. Таму во водство е Мекларен со 678 поени, пред Мерцедес (341), Ферари (334) и Ред Бул (331).

- Оглас -

Најнови вести