Ферстапен се врати по старо и доминира: 13-та победа сезонава, стигна до 400 бодови

Макс Ферстапен е најбрз на трката за Големата награда на Јапонија и стигна до 48 победи во Формула 1 кариерата. За Ферстапен ова е 13-та победа сезонава со што само ја потврдува доминацијата. Холандскиот возач стигна точно до 400 бодови сезонава и до крајот на првенството иако има уште шест трки, речиси нема дилеми дека ќе ја одбрани светската титула.

Ферстапен буквално доминираше на патеката во Јапонија цел викенд. Беше најбр во квалификациите на сите три делови од трката, го имаше најбриот круг на трката на која победи со голема предност пред второпласираниот Ландо Норис од Мекларен Мерцедес. Место на пиедесталот има и за Оскар Пјасти за комплетирање на добрата трка за Мекларен Мерцедес. За Пјасти ова е прв пат во кариерата да заврши во Топ 3.

Со победата на Ферстапен, екипата на Ред Бул веќе ја слави и светската титула кај конструктирите. Трета сезона по ред овој тим е доминантен.

- Оглас -

Најнови вести