Ферстапен стартуваше одлично, ги остави Мекларените да се борат само за второ место

Макс Ферстапен е победник на трката на патеката Имола за Големата награда за Емилија-Ромања во Формула 1 шампионатот.

За Ферстапен ова е само втора победа сезонава. Зад него се најдоа Норис и Пјастри од Мекларен, а четврти беше Хамилтон од Ферари кој стартуваше дури од 12-тата позиција, па и тој може да биде задоволен.

Холанѓанецот веднаш после стартот го претрка Пјастри кој беше на пол-позиција, и доминатно дојде до победата. Пјастри остана лидер во генералниот пласман, а следната трка е следниот викенд во Монако.

- Оглас -

Најнови вести