Ферстапен викендов оди по третата титула, прво треба денеска да ја освои пол-позицијата (Фото)

Попладнево ќе се возат квалификации за одредување на редоследот на стартот на неделната трка во Формула 1 во Катар и овие квалификации ќе бидат показател дали некој може да му се спротивстави на Макс Ферстапен, кој е голем фаворит за победа.

Тимот на Ред Бул веќе ја прослави титулата кај конструкторите, сега редот е на нивниот главен пилот Ферстапен.

Холанѓанецот викендов може да ја обезбеди својата трета шампионска титула. Утре ќе се вози спринт трка, таму се освојуваат поени и Ферстапен речиси сигурно уште в сабота ќе ја обезбеди титулата. Дури и ако Перес го освои првото место на спринтот, на Макс ќе му треба пласман од второ до шесто место за нова титула.

Инаку, според квотите во Sport Life за квалификациите, Ферстапен е многу голем фаворит, а некакви шанси им се даваат и на пилотите на Меркларен и Ферари, како и на Перес од Ред Бул, за сите други би било чудо ако имаат најдобро време.

- Оглас -

Најнови вести