„Фешта“ низ улиците на Барселона, шампион стана и фудбалер кој одигра само осум минути цела сезона (Видео)

Во автобус со отворен кров, фудбалерите на Барселона шетаат низ улиците на градот и ја прославуваат титулата освоена во првенството на Шпанија. Илјадници навивачи ги поздравуваа фудбалските херои бидејќи по четири години пауза, Барселона повторно е на тронот.

https://twitter.com/i/status/1658153185926688795

Интересно е дека на маиците кои ги носат фудбалерите ги има имињата на сите оние коишто играа за Барселона оваа сезона и што ќе бидат запишани како шампиони. Интересно е дека меѓу фудбалерите го има името и на Пјер-Емерик Обамејанг. Тоа е фудбалерот кој сезоната ја започна во Барселона, а во првенството на Шпанија одигра само осум минути, и тоа во дуелот против Рајо Ваљекано.

Обамејанг потоа направи трансфер во Челзи за 20 милиони евра, каде што исто така не се снајде најдобро и најчесто не играше. Сепак, 33-годишниот Габонец може да се пофали дека го има на списокот на фудбалери коишто ја освоија титулата во првенството на Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести